МКД „Охридски Бисери“ од Нова Горица со уште една успешна година зад себе

0
16
🇲🇰Почитувани,
зад нас е уште една успешна работна година во која организиравме разни културни настани. Да споменам некои: 📓поетско читање на Плоштадот Европа, ⚽🏃спортски ден во Ореховље,🎨ликовна колонија „Небесна Горица“, проектот 🇲🇰🌞Македонско сонце 6, различни изложби, 💃фолклорни настапи итн. Годинава продолжуваме со остварување на предизвиците што ни претстојат. Па така управниот одбор и членовите веќе се фативме за работа🧑‍🔧. Сите настани кои ги организираме и на коишто сме поканети да соработуваме ќе бидат објавени на нашата веб страница
https://mkd-ohridskibiseri.si и на социјалните мрежи.
Почетокот на годината е време кога се обновува и потврдува припадноста на друштвото со плаќање членарина💰. Годишната членарина останува иста како и досега: 20€ за семејна членарина, и 10€ за поединечен член. Затоа ве повикувам да *(п)останете членови на друштвото. Плаќањето на членарината треба да се изврши до 📅 31. 3. 2023. Сите права, обврски и должности на членовите се определени во статутот на друштвото.
Членарината може да се подмири преку трансакциска сметка:
MKD Ohridski biseri
Gortanova ulica 17, 5000 Nova Gorica 2
SI56 0400 1004 6914 718 Nova KBM d.d.
Горд сум со работата на друштвото 😊. Нашето добро работење го потврди и Министерството за култура на Република Словенија 🇸🇮коешто минатата година ни додели статус друштво од јавен интерес на полето на културата.
*За подетални информации како функционираме сите заинтересирани можат да ни се обратат по електрониски пат на 📧 mkd.ohridskibiseri@gmail.com
Заедно можеме повеќе. 💪
Виктор Илиевски
Претседател