Најуникатниот македонски обичај на прославување Водици објавено на SBS радио

0
59

Во пазувите на планината Крчин во Западна Македонија, гордите Мијаци од селото Битуше љубоморно ја чуваат од забот на времето, традицијата на прославувањето на христијанскиот празник “Водици”. Овој обичај, зачуван во својата исконска форма е толку посебен, древен и оригинален, што заслужува да биде вброен на листата на нематеријално, културно наследство на УНЕСКО, вели новинарката Елизабета Арсоска, која неодамна напиша книга на оваа тема. Водици во Битуше има потенцијал да прерасне во туристичка атракција, според Арсоска.

Најуникатниот македонски обичај на прославување Водици | SBS Macedonian