„Илинден“ од Јабука – здружение за почит

0
20

Најголемото здружение на граѓани на македонската национална заедница се наоѓа во селото Јабука, место со најголема концентрација на Македонци во цела Србија.

Здружението на граѓани „Илинден – Јабука” од Јабука е едно од најголемите здруженија на припадници на македонската национална заедница во Република Србија, во кое членуваат 600 активни членови. Ова здружение е формирано во 2003. година, како една од подружниците на здружението „Вардар“ Панчево. Од 2011. година работи како независно здружение на зачувување, заштита и унапредување на македонската култура, традиција и јазикот. познат е фактот дека македонскиот јазик за првпат беше воведен во официјална употреба најпрвин во Јабука, уште во 2009. година.

Бидејќи Јабука е место со најгуста концентрација на припадници на македонската национална заедница во Република Србија, односно практично секој друг жител на Јабука е со македонското потекло, во споменатиот период, поточно од оснивањето на организацијата до денес, здружението своите активности ги насочува пред се кон зачувување на јазикот, и образованието, така што со голем напор и посветеност и со помош на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија, во учебната 2012 / 2013 година за прв пат беше формирано одделение за предметот „Македонски јазик со елементи на национална култура” во република Србија. Во следните учебни години, беа запишани втората, третата, четвртата генерација ученици и оваа традиција продолжи се до денес, кога веќе е на пат десетата јубиларна генерација ученици кои го изучаваат овој предмет.