Богојавление во Копер

0
29
Почитувани, по повод празникот БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ – Патронот на нашата црковна општина
Со голема чест и задоволство ВЕ известувам дека и оваа година традиционално ќе се изврши чинот на спуштање на СВЕТИОТ КРСТ во морските води.
Редоследот на случувањата ќе бидат според овој план:
18.01 – Среда – 17.30 часот – Вечерна богослужба со чинот осветување на Богојавленска вода
19.01 – Четврток – 10.00 часот – Божествена Архерејска Литургија на која ќе чиноначалтвува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски Г. ПИМЕН
– По Литургијата веднаш ќе има наддавање на СВЕТИОТ КРСТ И ИКОНИТЕ
– ВО 12.30 часот со литија ќе се упатиме кај морето ( МОКРА МАЧКА ) каде околу 13.00 часот ќе се изврши чинот на спуштање на СВЕТИОТ КРСТ во морските води.
– П.С. – Сите кои сакате да скокате по СВЕТИОТ КРСТ мора претходно да се пријавите кај Venco Nikolov 041 587 111 најдоцна до Среда.
– По завршувањето на овој чин од мое лично име и од името на Црковниот Одбор ве ПОКАНУВАМ на Македонска забава која ќе се одржи во двораната на Св.Антон 1.