„Вардар“ од Вршац го промовира македонскиот фолклор

0
18

Македонија е единствената земја во светот која има 7/8 такт. Со играње на орото на даден ритам, ние ги креваме вибрациите на Земјата и ги лекуваме нашите органи. Секое оро е одговорно за одреден орган, така што не мора да одиме на јога, да се кршиме, да вежбаме и да си ги опуштаме чакрите. Беровката го лекува дебелото црево, Драчевката го тонизира срцето и лимфниот систем – ова оро работи во фрекфенцијата на љубовта. Како што знаеме, нè држат во постојан страв: од вести, болести, катастрофи, од економска криза. Постојан страв од нешто. Така си ја даваме енергијата на темнината. Кога човек ќе почувствува љубов, тој вибрира на 50 херци, 150 е безусловна љубов (на пример, од мајка кон дете), 205 херци е самопожртвувана љубов. Пајдушкото оро ги крева вибрациите на љубовта, работи таму каде што е лимфниот систем. Тешкото има многу важна функција, бидејќи кога го играме, се ослободува ендорфин, кој ја ублажува болката и е 80 пати посилен од морфинот. Не треба ништо друго да правиме, освен да свириме, играме и да ги пееме нашите песни. ❤🇲🇰