Македонските деца во Австралија гласно пееја песна за Македонија порачувајќи: Македонскиот јазик е нашата душа

0
39

Како што е познатоа далечниот контитент Австралија е дом на многубројни наши исленици. Македонци во Австралија или Австралиски Македонци — едно од поголемите етнички малцинства во државата со над 100.000 припадници.

Далечната Австралија е дом на бројни Македонци кои со годините наназад се иселиле во потрага по подобар живот.

Податоците од последниот попис од годинава покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.

Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.

Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови.

Познато е дека Македонците во Австралија се можеби едни од ретките во дијаспората кои силно се решени да си ја зачуваат традицијата, јазикот, фолклорот, а тоа го покажаа уште еднаш.

Македонските деца од дијаспората кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното Викториско училиште во Килор Даунс од забавиште до 12 години ја одржаа својата годишна приредба.

Учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштето во Килор Даунс имаа можност да претстават на македонски што се научиле и порачаа: “Македонскиот јазик е нашата душа”.

Тие се претставија со рецитации, мали драмски претстави, занимливости и историски факти за Македонија, а не ги заборавија ниту македонските песни и ора.

Покажаа дека со успех го совладуваат не само македонскиот јазик, туку се интересираат и ги потврдуваат и македонската култура и традиција спремани од нивните наставнички Сања, Марија, Анета, Гордана, Сара и Весна.

И оваа генерација ученици потврди дека го одржува даденото ветување дека ќе го негуваат но и пренесуваат македонскиот јазик на идните генерации како “најзначајна вредност на нашите корени и постоење”, пренесува СБС на македонски.

Во прилог е видео запис од песната „Македонија“ во изведба на учениците од саботното училиште Килор Даунс.