МПЦ „Свети Илија“ од Мисисага со честитка за Новогодишните и Божикните празници

0
57
Драги пријатели,
Во мое име, како и во име на управниот одбор при МПЦ Св. Илија од Мисисага сакам да ви ги честитам Новогодишните и Божиќни празници.
Новата година нека донесе нова среќа, нови цели, нови достигнувања и многу нови инспирации во вашиот живот. Ви посакувам година исполнета со среќа, здравје, радост, и просперитет на вас и вашите фамилии.
Новата година е време за нов почеток, порака за подобар живот ослободен од лошото и убави мисли за идниндата.
Годината во заминување, не стави на големи искушенија, кои ние како црква и црковна управа успешно ги надминавме со големо залагање на сите наши членови и со помош на вашите искрени и несебични донации.
Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на сите членови на управниот одбор, женската секција, пензионерското друштво River Side, женската група за одржување на нашиот двор, играорната група Илинден, друштвото Никола Карев и детското неделно училиште при нашата црква Св. Илија од Мисисага, како и до сите волентери и дарители кои со својот несебичен труд и материјални средства ја помогнаа нашата црква и заедница.
НЕКА НИ СЕ ЗА МНОГУ ГОДИНИ БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНУВАЊА И СРЕЌНА НОВА 2023!
Ацо Крстевски
Претседател на Управниот Одбор
на МПЦ.Св Илија од Мисисага