Од седиштето на УНЕСКО во Париз почнува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

0
122

Стогодишнината ќе се одбележи на највисоко централно ниво со вклученост и на претседателот на Република Македонија, МАНУ и УНЕСКО. Министерството за култура ќе биде носител на сите тие активности за 2023 година. Јубилејот ќе го започнеме со поетски перформанс во седиштето на УНЕСКО во Париз, а потоа ќе следува уметничка изложба, неколку конкурси, поетска вечер во чест на Шопов на Струшките вечери на поезијата, промоција на книги и реизданија, а ќе се заврши со премиерна изведба на балетот „Молитви на моето тело“, инспириран од поезијата на Ацо Шопов, рече Костадиновска Стојчевска.

Повеќе можете да прочитате ТУКА