извор – marh.mk
Во Мастрихт, Холандија се преселив пред 17 години бидејќи мојот сопруг е Холанѓанец. Првата година ја посветив целосно на учење на холандскиот јазик. Иако Холандија е земја во која и со англиски јазик лесно се снаоѓа, за мене беше незамисливо да живеам во една земја а да не го зборувам локалниот јазик. Тој мој став се покажа многу важен за мојата професионална кариера, но и за мојата интеграција во холандската средина во која живеам. Иако Мастрихт е интернационален град, сепак е речиси невозможно да работиш во архитектура без владеење на холандскиот јазик.
Моето работно искуство започна во бирото RMA https://www.ruimtemakers.nu/ каде што работев пет години. Потоа работев уште пет години во бирото N architecten http://www.n-architecten.nl/
Двете бироа беа средно големи со околу десетина вработени. Работев тимски на различни проекти од станбени до деловни, од индустриски до рекреативни.
Повеќе можете да прочитате ТУКА