РУЧЕК ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НИКОЛА ЧУДОТВОРЕЦ, АРХИЕПИСКОП МИРЛИКИСКИ
18 декември 2022
Почитувани верници.
Црковната Управа при Македонската Православна Црковна Општина “Свети Никола” изразува голема благодарност до семејството на Горан и Светлана Настевски, минатогодишните кумови, за нивната донација за денешниот безпрекорно организираниот традиционален ручек во Македонскиот Културен Центар “Илинден”, во чест на Свети Никола. Исто така, голема благодарност и до верниците за нивната присутност и нивните донации.
Целиот приход од ручекот е наменет за завршните работи од новата Црква на 69 Angove St, North Perth.
Утре, на денот на Свети Никола, повелете на Света Божествена Литургија во 9.00 часот наутро. По завршувањето на Светата Божествена Литургија, по традиција ќе се избере нов кум.