Во Здружението на Македонци „Свети Кирил и Методиј“ во Нови Сад се одржа завршен тест по македонски јазик

0
54

Вчера вечер во просториите на Здружението се одржа завршен испит на кој сите учесници покажаа солидно знаење, кое го стекнаа на работилниците за изучување на македонскиот јазик и воедно им се врачени дипломи од Претседателот на Здружението.
Со оваа активност заврши годинешнава 16-та Манифестација „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА КУЛТУРА ВО НОВИ САД“.
Голема благодарност до сите кои со своето учество ја збогатија Манифестацијата!
Се надеваме дека и следната година заедно ќе ја реализираме 17-та Манифестација!