По повод одбележувањето на 30 годишен јубилеј на Македонската Православна Црковна Општина ,,Св. Климент Охридски” Берлин, во саботата на 17 декември 2022 година, директорот Слободан Близнаковски присуствуваше на прославата во Берлин, во организација на Управниот одбор на Црковната Општина. 



Покрај претставниците од Агенцијата за иселеништво на прославата присуствуваа и неговото високопреосвештенство Митрополит европски г. Пимен, Отецот Оливер Новески, претставници од македонската амбасада во Берлин и членовите на „МКД Македонија“ од Уна со фолклорен настап.
Прославата беше организирана со цел собраните средства да се донираат за изградба на нов црковен Храм. 

Архитектката Елена Цонева одржа презентација на идејното решение за објектот кој покрај религиозен се планира да има и културно – едукативен карактер