Денес во посета во ОУ Иван Бенковиќ ни беа претставници на Македонско културно друштво “Охридски бисер” – Загреб .
Учениците во духот на македонската традиција ги пречекаа гостите со слатко и рачно изработена божикна честитка ,им испеаа песнички и водеа отворен разговор поставувајки им прашања од секојдневниот живот,за животот во Македонија и сл.
Додека пак претставниците на друштвото Виолета Штерјова и Сафиудин Сафко Алимоски во убава, пријатна и опуштена атмосфера одговараа на сите детски прашања, поделија дарови на учениците и не повикаа да ги посетиме во просториите на друштвото каде би се дружеле подолго и повеќе сите заедно.
Се заблагодаруваме на укажаната чест и на сите им посакуваме срекни и благословени претстојни Божикни и новогодишни празници.