Во Бања Лука одбележан „Денот на Македонците“

0
70

На 17.12.2022 година одбележен е „Денот на Македонците”во просториите на Сојузот на националните малцинства во Бања Лука ,каде се претставивме со македонска песна и кујна.Покрај нашите членови, гости беа претставниците на другите национални малцинства, претставници на Градската управа и Министерството на просвета и култура.Целата вечер протекна во многу убава и весела атмосфера.