Континуитет од 22 години: Во Битола се одржа најновото издание на детскиот фестивал “ТРА ЛА ЛА”

0
56

Во големата сала во Центарот за култура во Битола се одржа 22. издание на детскиот музички фестивал “ТРА ЛА ЛА Битола“.

-На годинашното издание настапија 12 учесници со новокомпонирани детски композиции кои оставија повеќе од прекрасен впечаток, како што доликува на манифестација која постои 22 години во континуитет и која го носи приматот за најдобра детска манифестација во нашиот град и целата држава, ни рече по завршување на фестивалот, директор на фестивалот е Тони Алексовски од име на организаторот “Асоцијација за уметност Алексовски“ од Битола.

Треба да се спомене и тоа дека за сценографијата се погрижи Валентин Светозарев, за аудио – визулените ефекти “Малче саунд продакшн“, светло Никола Ѓоргиевски, а водител беше Елена Захариевска.

Фестивалот “ТРА ЛА ЛА“ е дел од програмата на советот на општина Битола.