По повод Денот на македонскиот јазик 8-ми Декември, кој со Закон е изгласан во 2019 г. во Романија, директорот Слободан Близнаковски во придружба на соработници од Агенцијата за иселеништво присуствуваше на културните манифестации организирани од Друштвото на Македонците во Романија. Благодарение на македонскиот пратеник од парламентарната група за малцински прашања, Јонут Станку, на 7 Декември директорот Близнаковски го посети Романскиот парламент и присуствуваше на пленарната седница на која беше поздравена и делегацијата од Агенцијата за иселеништво, од страна на спикерот на собранието.
По седницата делегацијата имаше прием кај претседателот на Комисијата за човекови права, културни и национални прашања, пратеникот Ибрам Хусеини, претставник на турската заедница во Романија. Фокусот беше ставен на корупцијата која ги коси балкански земји и која е главна причина за иселувањето на народот од земјите од регионот. Директорот Близнаковски се заблагодари на Република Романија за отворените врати кон македонскиот народ, за можностите да ги остварува своите права на највисоко ниво, од претставник во парламентот до организирани друштва, покажувајќи ги со тоа своите европски и демократски вредности.