И во Осло започнува настава по македонски јазик

0
446
Можност за изучување на македонски јазик во Осло
Драги Македонци,
Чест ми е да споделам една прекрасна вест со вас. Денес официјално добивме одобрување од општината за пристап до училница која ќе служи за изучување на македоскиот јазик и граматика.
Часовите се планирани да се одвиваат секоја сабота од 10:00-13:00ч во период од 14.01.2023 – 17.06.2023 год.
Училницата има капацитет за 30 ученици и токму заради тоа потребно е сите заинтересирани да се регистрираат. Од таа причина би ве замолил сите вие што сакате себе си и/или своите деца да ги запишете на часови по македонски јазик, истото да го направите преку испраќање на порака на подолу наведената е-пошта.
Потребни информации за регистрација:
– Име и презиме
– Возраст (потребно за планирање на програма)
– Контакт информации
Изучувањето ќе се одвива во просториите на Årvoll skole.
Адреса: Bård Skolemesters vei 1, 0590 Oslo
Контакт информации за регистрација:
е-пошта: ksfmakedonija@gmail.com
Дополнително, ги охрабрувам сите оние кои се заинтересирани волонтерски да допринесат со држење на часови по македонски јазик, да стапат во контакт со мене.
Со почит,
Сашо Марковски
Tilbud om morsmål-undervisning i makedonsk
Kjære makedonere. Jeg har den store glede å meddele at vi gjennom kommunen har fått innvilget klasserom der vi kan avholde morsmål-undervisning i makedonsk.
Dette tilbudet er i første omgang berammet hver lørdag f.o.m 14/01-23 t.o.m 17.06.2023 i tidsrommet fra 1000 – 1300 tilhørende lokalene til Årvoll skole.
Adresse: Bård Skolemesters vei 1, 0590 Oslo
Klasserommet har en kapasitet på inntil 30 elever og derfor vil vi oppfordre alle som vil melde seg på til å sende en e-post snarest. Vennligst oppgi i e-posten:
Navn på elev
Alder
Kontaktinformasjon
De bes kontakte oss på e-mail:
ksfmakedonija@gmail.com
Vi vil i denne anledning også oppfordre frivillige som har anledning til å undervise i makedonsk om å ta kontakt på overstående mail-adresse.
mvh
Saso Markovski