МАКЕДОНКИТЕ ОД ГРАДОТ МИСИСАГА, ОНТАРИО, КАНАДА ВО ПРЕСРЕТ НА КАНAДСКИОТ БОЖИК ОДРЖАA ЖЕНСКА БОЖИKНА ЗАБАВА ОРГАНИЗИРАНА ОД СТРАНА НА ЖЕНСКАТА СЕКЦИЈА ОД МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА СВ. ИЛИЈА ОД МИСИСАГА
Крајот на годината која полека одминува и празниците кои наближуваат се вистински момент за отпочнување на прославите, време за здравица за уште една здрава година по долгата пауза од организираните собири како резултат на светската пандемија.
Околу 200 Македонки и наши пријателки од други националности присуствуваа на забавата која ја отворија претседателката Весна Трајковска и нејзината соработничка Весна Гроздановска. Да се биде заедно е многу важно, да се прославува и да се навестува нова соработка и взаемност во годината што доаѓа е уште позначајно. Радоста и задоволството на дамите кои уживаа во добрата храна и пијалоци беше повеќе очигледна.
Претседателот на црковната управа Ацо Крстевски со членови на управата придонесе во успешната реализација на настанот. Во текот на прославата во прекрасно украсената сала на банкетната сала на црквата Св. Илија беше извлечена богата лотарија во која главната награда телевизор ја подарија Џани и Кети Мачковски.
Црквата Св. Илија традиционално по повод празникот Македонска Православна Нова Година Василица организира грандиозна прослава која ќе се одржи на 14 јануари за кога е најавено учество на врвни музички имиња од Стариот Крај, Македонија . За резервации заинтересираните можат да се обратат во црквата Св. Илија во Мисисага.
На Божикната Забава по повод канадскиот Божик гостите ги забавуваа Соња и Оливер Бенд и Стив Штуревски.




