Формиран Одбор за организирање Божикна литургија и паралелка по македонски јазик во Норвешка

0
886

Во рамки на  надлежностите на Амбасадорот на Р. С. Македонија, Д-р Дритон Куќи формиран е иницијативен одбор, со цел оживување, консолидирање и организирање на македонската дијаспора во Кралството Норвешка. За почеток се предвидени: организирање на прва црковна литургија за Божиќ на македонски јазик (6 и 7 јануари), отворање на македонска православна црква и училиште на македонски јазик (обезбедени се 45 буквари преку Агенцијата за иселеништво).

Иницијативниот одбор го сочинуваат еминентни лица кои се високо профилирани и ценети во норвешкото општество:

1.Проф. д-р. Васка Вандевска- Универзитетски професор на Стоматолошки Факултет- Универзитет во Осло,

  1. Проф. д-р. Горан Петковски – Универзитетски професор на медицинскиот Факултет и доктор во Универз клиника Улевал,
  2. Игор Панчевски – бизнисмен,

4.Сашо Маркоски -претседател на КСФ Македонија,

  1. Катерина Туѓароска – преведувач и активист,
  2. Марина Илиевска – д-р. по економски науки,

7.Билјана Илиевска – Професорка по македонски јазик,

8.Тор Ундхејм – пријател на мкд норвешките односи,

  1. Доц. д-р.Снежана Димитровска – специјалист по ортодонција и

10.Зоран Радуновиќ – кардиолог.