„Даме Груев“ од Стокхолм со важна информација за шведските лични карти

0
95
По Нова Година завршува привремено намалената такса за издавање на национална лична карта
Кога минатата пролет беше најтешко да се добие нов пасош, цената на националната лична карта беше намалена од 400 на 100 круни. Но по 1 јануари цената повторно ќе биде 400 круни, најавуваат од полицијата. И тоа без разлика кога сте резервирале термин.
Попустот на личните карти важеше само доколку не сте резервирале пасош во исто време, а се со цел да се намали притисокот врз барањата за пасоши.
Успешен потег, „Привремено намалената такса за аплицирање даде резултати, а притисокот за аплицирање за пасош е намален“, велат од полицијата, па затоа попустот повеќе не е потребен.
Националната лична карта е подеднакво важечка како и пасошот кога станува збор за патување во сите земји на ЕУ и Шенген.
Приближното време на чекање за да се закаже термин за аплицирање за пасош или национална лична карта во моментов е шест недели, пишува полицијата. За испорака на лична карта е потребно околу една недела.