Во Виндиш, Швајцарија, се организира турнир во мал фудбал

0
44
Како што Ве информиравме во предходниот пост, бројот на екипите го ограничивме на 20 и одамна е веќе пополнет. Ова го искористивме и ги извлековме групите. Екипите се поделени во четири групи A, B, C и D. Секоја група е составена од пет екипи. Најдобрите две екипи од секоја група ќе играат во елиминационата фаза, во четвртфинале.
Исто така го составивме и временскиот план на натпреварите. Тоа пред се е битно за натпреварувачите да знаат кога почнуваат, како и за нивните навивачи, да знаат кога игра нивната омилена екипа.
Како и во летниот турнир, и во овој ќе не има од секој дел на Швајцарија и од цела Македонија. Имаме и екипа од Италија. Тоа ни ветува многу забава, добар фудбал и незаборавна средба.
Затоа знаете каде да бидете неделата на 11.12.2022. Се гледаме во Sportausbildungszentrum Mülimatt, Gaswerkstrasse 2, 5210 Windisch.