Ива Пројковска – прва македонска интернационална ФИФА – судијка

0
66

Ива Пројковска е првата Македонка, интернационална ФИФА-судијка, која е во елитната група на најдобрите 20 судии во Европа

Од Судискиот комитет на Европската фудбалска федерација /УЕФА/ пристигнаа убави вести за македонските фудбалски судии. Интернационалката, со знакот на ФИФА Ива Пројковска, на последниот состанок на Комитетот е префрлена од прва во елитната група на најдобрите 20 судијки во Европа што е навистина големо признание за оваа млада девојка.

Таа е прв судија од Македонија што се наоѓа во елитната група и може да ги суди најтешките натпревари во европските купови, исто така и на светските и европски првенства. Пројковска пред извесно време, на семинарот во Истанбул со успех го положи тестот за ВАР судијка. Во Македонија сертификат за ВАР судија го има само нашиот најдобар судија Александар Ставрев ,кој е единствен од Македонија кој се наоѓа во првата група на најдобрите судии во Европа.