Збратимување на општините Македонска Каменица со Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коле, во организација на друштвото ,, Инсиеме” Рикалдоне, МПЦО ,,Св. Архангел Михаил”

0
103
Европа широко ги отвара вратите на нашите луѓе каде започнуваат нов сигурен и безбеден живот. Така денес во Италија се случи збратимување на општините Македонска Каменица со Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коле, во организација на друштвото ,, Инсиеме” Рикалдоне, МПЦО ,,Св. Архангел Михаил” Неиве и градоначалникот на М. Каменица Димчо Атанасовски со своите соработници. Градоначалниците на италјанските општини се заблагодарија на Македонците кои лојално, вредно и совесно се интегрираат и учествуваат во сите полиња на системот. Настанот беше збогатен со присуството на Неговото високо преосвештенство Европскиот Владика Отец Пимен, Директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, со делегација и Конзулот од Местре г-дин Стојан Витанов. Сите во своите поздравни говори го истакнаа значењето на сплотеноста за успех и дека само така заедно ќе ја сочуват македонската култура и традиција, ќе ги негуват врските со татковината и ќе добиваат поддршка од надлежните институции. Упатија благодарност до сите кои го направија денот посебен и историски значаен за Македонците кои живеат и работат во тој дел од Италија.
Директорот Близнаковски Благодарницата за долгогодишна соработка со МПЦО Св. Архангел Михаил, Неиве, му ја врачи на Отец Михајло Матевски, за време на средбата со иселениците и организациите од регионот која се одржа во попладневните часови во Неиве.