Правилник и скица за видео надзор

0
161

Врз основа на Врз основа на член-89 И 90 од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник на РСМ, бр. 42 од 16.2.2020 година и бр. 294 од 27 декември 2021) и одредбите од Правилникот за содржината и формата на актот за начинот на вршење на видео надзор (Службен весник на Република Северна Македониј бр. 122/20 и бр. 280/21) директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија на ден 11.09.2022 година донесе

 

Правилник за начин на вршење на видео надзор во

Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија

 

Основни одредби

Член 1

Со овој Правилник се пропишува и уредуваа начинот на вршење на видео надзор во просториите на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, ул,, Македонија” бр. 19. Скопје, како и заштита на приватноста на субјектите при вршење на видео надзорот.

 

  1. Цели на видео надзорот

Член 2

Преку системот за видео надзор во Агенцијата за иселеништво се обезбедува заштита на:

  • сопственоста на Агенцијата,
  • животот, здравјето и сигурноста на вработените и посетителите во Агенцијата,
  • контрола над влегувањето и излегувањето од службените простории за времетрање и по престанок на работното време.

 

III.  Опис на системот за вршење на видео надзор

Член 3

 

Видеонадзорот во Агенцијата се врши со опрема за видео надзор.

Опремета од став1 на овој член ја сочинуваат: 4 камери (од кои 2 камери се поставени  странично на sидовите во ходникот на Агенцијата за иселеништво и се насочени кон главната влезна врата, а останатите две камери се поставени во ходникот кај лифтовите пред главната влезна врата на Агенцијата за изелеништво), 1 монитор и компјутер сместени во просториите на Агенцијата за иселеништво, поточно во кабинетот на директорот на Агенцијата.

Техничките карактеристики и поставеноста на опремата за видео надзор се врши со акт на Директорот на Агенцијата.

 

  1. IV. Периодична проценка

Член 4

Офицерот за заштита на податоци врши периодина проценка на постогнатите резултати од системот за вршење на видео надзор на секои две (2) години

Периодичната контрола од став 1 на овј член се однесува особено за:

  • понатамошната потреба од користење на системот за видео надзор,
  • целта односно целите за вршење на видео надзор
  • можни технички решенија за замена на системот за вршење видео надзор,
  • статистички показатели за пристапот до снимките направени од видео надзорот и
  • начинот на искористување на системот

За извршената периодична проценка од став 1 на овој член, Офицерот за заштита на личните податоци изработува извештај кој е составен дел на документацијата за воспоставување на системот за вршење на видео надзор во Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија.

 

  1. Организациски мерки

Член 5

Агенцијата за иселеништво ги обезбедува следниве организациски мерки за тајност и заштите на обработката на личните податоци преку системот за видео надзорот и тоа:

  • ограничен пристап или идентификација за пристап до системот за видео надзор, така што само овластените лица можат да имаат пристап до системот за видео надзор,
  • секое овластено лице има ограничен пристап до системот за видео надзор во однос на симнување, гледање, и снимање на видео записите за што добива посебно писмено овластување,
  • уништување на видео записите по истекот на законскиот рок од 30 (триесет дена) за нивно чување и почитување на техничките упатства при инсталирање и користење на опремата за вршење на видео надзор,
  • мерки за физичка сигурност на просториите каде е сместен сервереот и останатата информатичко комуникациската опрема на која се обработуваат личните податоци преку системот за видео надзор,
  • почитување на технички упатства при инсталирање и користенње на опремата за вршење на видео надзор,
  • Овластувањето точка 2 од овој член се врши и при било кои други промени во работниот статус или статусот на ангажирањето на овластеното лице што има влијание врз нивото на дозволениот пристап до системот на видео надзор.

 

  1. Категории на лични податоци кои се обработуваат добиени од видео надзорот

 

Член 6

Преку системот на видео надзор во Агенцијата се обработуваат лични податоци за:

  • Физичкиот и физиолошкиот изглед на вработените во Агенцијата, како и нивното присуство и отсуство од работа односно професионално и доследно извршување на работните обврски, ред и дисциплина.
  • Физичкиот и физиолошкиот изглед на странките и другите посетители кои влегуваат и излегуваат од просториите на Агенцијата

 

Член 7

Со поставување на уредите за вршење видео надзор, Директорот писмено ќе ги извести вработените кои ги извршуваат своите работни обврски во објектот каде се врши видеонадзорот, дека во службените простории и поставен видео надзор поради заштита сопственоста на Агенцијата, животот, здравјето и сигурноста на вработените и посетителите во Агенцијата како и контрола над влегувањето и излегувањето од службените простории

 

Член 8

Известувањето дека во просториите во кои се врши видео надзор ќе биде поставено на видливо место и истото ке ги содржи следниве информации:

  • дека службените простории се под видео надзор,
  • името на контролорот кој го ври видео надзорот и
  • начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од видео надзорот

 

VII.  Пристап до снимките од видео надзорот и обработка на податоците содржани во нив

 

Член 9

Директорот ќе овласти лице кое ќе биде одговорно за видео надзорот и кој ке има пристап до снимките од видео надзорот и кои ке го прегледува снимениот материјал.

Снимениот материјал се чува во рок определен со законот.

Снимениот материјал преку видео системот инсталиран во Агенцијата може да се користи како доказно средство во случај на повреда на работниот ред и дисциплина како и при евентуално извршени други незаконити дејствија.

 

 

                                                                   Член 10

Овластеното лице кое врши обработка на снимките постапува со нив стручно и совесно во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Овластеното лице кое ја врши обработката на снимените податоци потпишува писмена изјава за тајност и заштита на обработката на личните податоци до кои че имаат пристап до текот на работењето

Член 11

Директорот на Агенцијата врши контрола над работата на овластеното лице кое управува со видео надзорот и кое врши обработка на податоците од снимките.

Доколку при вршењето на контролата се утврдат неправилности во работењето на овластеното лице кои не се во согласност со законските и подзаконските акти,                Директорот има право да го одземе овластувањето и да поведе соодветна постапка.

 

VIII. Периодична проценка

Член 11

Офицерот за заштита на личните податоци врши периодична проценка на постигнатите резултати од системот за вршење видео надзор на секои две (2) години.

Периодичната контрола од став 1 од овој член се однесува пред се за:

  • понатамошна потреба од користење на системот,
  • целта односно целите за вршење на видео надзор,
  • можните технички репенија за замена на системот за вршење видео надзор,
  • статистички показатели за пристапот до снимките направени од видео надзорот
  • начинот на искористување на снимките

За извршената периодична проценка од став 1 на овој член во Офицерот за заштита на личните податоци изработува Извештај кој е составен дел на документацијата за воспоставување на на системот за вршење на видео надзор на Агенцијата.

 

Завршни одредби

Член 12

При обработка на личните податоци преку системот на видео надзорот соодветно се применуваат и другите одредби од Правилникот за техничките и организационите мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци (,,Службен весник на Република Северна Македонија, бр. 122/20 и бр. 280/21година”) како и Правилникот за безбедност на обработка на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/20)

 

Член 13

 

Составен дел на овој Правилник е Планот за поставеност на системот за вршење на видеонадзор во Агенцијата

Член 14

Со денот на влегувањето на сила на овој Правилник престанува да важи Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија 03-567/2 од 06.07.2021 година

 

Член 15

Овој Правилник влегува во сила со денот на Објавување на огласната табла во Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија.

 

Агенција за иселеништво на

Република Северна Македонија

Директор

Слободан Близнаковски