По повод предстоечкиот празник 8.декември во чест на словенскиот просветител Св. Климент Охридски, словенски епископ и основоположник на Охридската книжевна школа, Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб одржа стручен собир со професорите и студентите од Катедрата по македонски јазик Отсекот за јужнословенски јазик и книжевност во Загреб и представници на МПЦ во РХ.
На собирот претседателката на Советот на МНМ г-ѓа Катерина Зековиќ ги запозна присутните со програмските активности на Советот, за одредбите на Уставниот закон за правата на националните малцинства.
За делото на Св. Климент, ученикот на словенските просветители Кирил и Методиј и значењето на македонскиот јазик говореше проф. Зорица Велиновска член во Советот на МНМ за РХ, Др. Борјана Прошев-Оливер виш лектор на Катедрата по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Загреб говореше за почетоците на Лекторатот по македонски јазик од 1955г. до денес, за работата на Катедрата, зошто студентите одбираат да го изучуваат македонскиот јазик.
За значењето на македонската црква, почетоците на христијанството и просветителството во Македонија, делото на Св. Климент говореше протојереј ставрофор Кирко Велински кој ги поведе студентите во обиколка на новоизградената македонска православна црква.
На крај на собирот, Советот на МНМ ГЗ на студентите по македонски јазик им подари Хрватско-македонски речници како благодарност што го изучуваат македонскиот јазик
Со почит,
Марика Абрамовиќ
Извршна секретарка на Советот