КАЛИН ИВАНОВСКИ СО СИЛНА ПОБЕДА КОЈА ОБЕЗБЕДИ ОСМИН ФИНАЛЕ ВО МАДРИД

0
17

Македонскиот тенисер Калин Ивановски продолжи со одличните настапи на тениските терени, па така денеска во Мадрид славеше против Французинот Тома Дешамп со 2-0 во сетови, односно 7-5 и 6-4.

Ивановски е втор носител на турнирот и ја оправда фаворитската улога во денешниот меч, иако во првиот сет се измачи против Дешамп за да го добие сетот со 7-5, по што во вториот сет рано направи брејк и потоа без мака го чуваше водството до конечни 6-4.

Македонецот во следното коло ќе игра против 21-годишниот Шпанец Хавиер Молино против кој ќе брка место во четвртфинале.