Посета на Заедницата во Пјаченца

0
198
Денес директорот на Агенцијата за иселеништво г-дин Слободан Близнаковски присуствуваше на Богослужбата по повод големиот празник посветен на Св. Архангел Михаил, која беше одржана во Македонската Православна Црковна Општина Св. Ап.Вартоломеј и Св. Прохор Пчински во Пјаченца.
Богослужбата беше збогатена со верниците од Пјаченца кои се потрудија исто како дома традиционално да го доловат духот на празникот. Директорот на Агенцијата за Иселеништво на оваа посета ја истакна поддршка за идни духовни, спортски и културни активности на Заедницата, пред се формирањето на паралелка за учење на македонскиот јазик за најмалите.
Во организација и топло гостопримство од страна на Отец Климент Мишањ и потесното раковоство, верниците и сите кои придонеле да опстои оваа Црква, се реализираше корисна средба на која присуствуваше и Генералниот Конзул во Венеција, г-дин Стојан Витанов.
Директорот Близнаковски му врачи на Отец Мишањ плакета за долгогодишна соработка, а во знак на благодарност за посетата, Отец Мишањ од име на Управниот одбор, подари две икони на Агенцијата за иселеништво.
За многу години!