Нова крстилница во Неиве, Италија

0
96
Потпишување на купо-продажен договор за објект, крстилница во Неиве, Италија
Денес беше светол ден за Македонската Православна Црковна Општина ,,Св. Архангел Михаил”од Неиве, бидејќи со макотрпна долгогодишна работа, верниците се здобија со објект кој во иднина ќе биде втор дом, културен и духовен центар.
Во предвечерието на Храмовата слава „Собор на св. Архангел Михаил“, по Светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство митрополит европски г. Пимен во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Полјански и Стобиски г. Јаков, протопрезвитер Климент Мишањ од Пјаченца, презвитер Јовица Тодевски и протопрезвитер Михајло Матевски, Неиве,
свечено се потпиша договорот за купо-продажба на објектот во кој е сместена крстилната „Св. Јован Крстител“ во Неиве од страна на Неговата екселенција монсињор Марко Брунети, владика на Алба и Неговото високопреосвештенство митрополитот европски г. Пимен.
Во своето обраќање митрополитот европски г. Пимен се заблагодари на Бога пред сѐ, на Неговата екселенција монсињор Марко Брунети, градоначалничката на Неиве, на верниот народ, домаќините и гостите за присуството и можноста да се сподели радоста, бидејќи овој договор е плод на добра соработка, взаемена почит и можност нашиот народ во туѓина да најде свој дом за духовна поткрепа и негување на културните и религиски вредности.
На овој свечен историски чин со неизмерна радост и гордост присуствуваа македонскиот Конзул во Местре, Р. Италија г-дин Стојан Витанов, делегација од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Слободан Близнаковски и градоначалникот на Македонска Каменица г-дин Димчо Атанасовски со своите соработници.
За многу години!!!