На педесет и вториот по ред фестивал за деца „Златно славејче“ учествуваа две славејчиња од иселеништвото, Георгиана Станку од Република Романија и Катерина Гелебешева од Република Словенија.
Агенцијата за иселеништво за следната година ќе го поддржи учеството на талентирани деца од иселеништвото на најпосакуваниот фестивал за деца „Златно славејче“ преку покривање на трошоците за снимање на песна и престој во Скопје за време на фестивалот. Целта е поттикнување на младите и талентираните деца на нашите иселеници да бидат дел од културните настани во својата татковина и да го промовираат својот талент на мајчин македонски јазик.
Честитки за двете млади учеснички и им посакуваме следната година повторно учество на фестивалот „Златно славејче“.