Возљубени во Христа,
По повод Храмовата слава „Собор на св. архангел Михаил“, ве повикуваме со особена духовна радост сите да земете учество во празнувањето.
20 ноември – недела, 9:30ч. Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополит европски г. Пимен во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Полјански и Стобиски г. Јаков, протопрезвитер Климент Мишањ од Пјаченца, презвитер Јовица Тодевски и протопрезвитер Михајло Матевски, Неиве.
12:0012/30ч. Свечено потпишување на договорот за купо-продажба на објектот во кој е сместена крстилната „Св. Јован Крстител“ во Неиве од страна на Неговата екселенција монсињор Марко Брунети, владика на Алба и Неговото високопреосвештенство митрополитот европски г. Пимен.
21 ноември – понеделник, 9:30ч. Света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува Митрополит европски г. Пимен во сослужение со Епископ Полјански г. Јаков Стобиски, Неговото високопреподобие архимандрит Амвросиј од Руската православна црква, презвитер Јовица Тодевски и протопрезвитер Михајло Матевски.
По овој повод Македонската заедница ќе ја посетат Генералниот конзул на Р. Македонија во Местре, Р. Италија г-дин Стојан Витанов, директорот на Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија Слободан Близнаковски и градоначалникот на Македонска Каменица г-дин Димчо Атанасовски
Со вера и надеж во Христа.
Протоставрофор
Михајло Матевски