Почитувани,
МКД Македонија, Љубљана, најстарото малцинско културно друштво од просторите на некогашна Југославија во Словенија, има голема чест, да ве покани на свечена академија по повод 30. годишнина од постоењето.
Свечената академија на која што ке настапат еминентни културни работници со македонски корени, кои живеат во Словенија, ке се одржи во сабота, 19.11.2022 во 15.00 часот во Витешка дворана, Крижанке Љубљана.
После настанот следи закуска и дружење во Шентјакобско гледалишче, 2. кат, мала сала за вежби.