„Славејчето“ од Романија ја посети Агенцијата за иселеништво

0
282

И оваа година, на педесет и второто издание на детскиот фестивал „Златно славејче“ ,повторно ќе учествува Георгиана Станку со македонско потекло од Романија, во организација и финансиски поддржано од Друштвото на Македонците во Романија. По тој повод, претставници на Друштвото на Македонците во Романија предводени од страна на пратеникот кој ги застапува правата на Македонците во Романскиот парламент, Јонел Станку,  во просториите на Агенцијата за иселеништво остварија работна средба со директорот Слободан Близнаковски

Директорот Близнаковски упати честитки за учеството на малата Георгиана на „Златно Славејче“ кое ќе се одржи на 13 ноември 2022 година и потсети дека Агенцијата за иселеништво и понатаму ќе дава поддршка на децата на иселениците кои имаат желба да учествуват на „Златно Славјче“ како еден од најреномираните фестивали со традиционален карактер.

Г-дин Јонел Станку упати благодарност до Агенцијата за иселеништво за соработката и досегашната поддршка на Друштвото и упати покана до директорот Близнаковски за учество на прославата по повод „Ден на македонскиот јазик во Романија“ на 8 декември 2022 година.