Во Анкара отворен Лекторат по македонски јазик

0
36
Започнуваат со работа новамакедонистичка катедра и нов лекторат помакедонски јазик на странски универзитет – на престижниот Анкарски универзитет
Започнува нова успешна приказна за афирмација намакедонскиот јазик, литература и култура во светот, на странските високообразовни и научни институции
Денес, 9 ноември 2022 година, наКатедрата за македонски јазик на Факултетот за јазици, историја и географија на Анкарскиот универзитет, лекторот Дарко Темелкоски го одржа првиот промотивен час помакедонски јазик. Целата организација на настанот беше координирана од раководителката на Катедрата за македонски јазик, проф. д-р Мелахат Парс, за што ѝ упатуваме неизмерна благодарност.
Салата на Факултетот беше исполнета до последното седиште – со присуство настуденти, но и на членови на Здружението наТурци по потекло одМакедонија. Сите заинтересирани да го изучуваат македонскиот јазик
Мостовите на соработка, содејствување и пријателство меѓудвата народа и двата универзитета – УКИМ и Анкарскиот универзитет, од денес се уште посилни.
МСМЈЛК при УКИМ продолжува да ја остварува својата мисија