Kремаста чорба од печурки

0
38

– 300 гр. печурки;
– 1 главица кромид;
– 2 чешниња лук;
– 100 мл. павлака за готвење;
– 20 мл. масло;
– сол;
– бибер;
– зачини по вкус,

Исечкајте ги кромидот и лукот ситно. Во загреано тенџере истурете го маслото, па кога ќе се загрее додадете го кромидот.

Печурките исечкајте ги тенко, па додадете ги во тенџерето заедно со кромидот и зачините.

Динстајте додека печурките не омекнат, а водата не испари. Додадете околу половина литар млака вода и павлака за готвење и оставете да зоврие. Со миксер матете додека не добиете мазна смеса. Тенџерето вратете го на оган и варете уште 10-на минути. Чорбата послужете ја со омилената сезонска салата.