На 5-ти ноември 2022 година во просториите од “Грингилските Лавови”во Грингила (Волонгонг) се одржа традиционалната Волинска вечер, која овој пат беше одржана како Хуманитарна, од кој профит средствата ќе бидат наменети за реновирање на покривот од црквата Св. Богородица во село Волино. Оваа прилика јас ја искористив да ја промовирам мојата монографска книга “Ова е мојот живот” и меѓу моите сограѓани во ова најнаселено место со Волинци. Им благодарам на сите оние кои покажаа почит и сакаа да се фотографираат со книгата и нејзиниот автор. Господ нека го благослови Волино, Волинци и сите Македонци на земјинава топка.
Иван Трпоски