Поддршка за малиот генијалец Македон од Тетово

0
262
Почнал да чита на две годишна возраст, решава задачи за втора година средно, на своја иницијатива учи старословенски и кинески јазик и добитник е на двa златни медали освоени на натпревари по математика на светско ниво.
Малиот гениј Македон Димитровски кој има само осум години е првиот талент поддржан во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“.
Во рамки на нашата кампања за Македон е обезбедена соодветна техничка опрема потребна за развој на неговите напредни способности и финансиска поддршка за надградба на неговото богато знаење.
Продолжуваме со нашата општествено одговорна практика и вложуваме во заедницата.