По повод 120-годишнината од формирањето на „Македонското научно-литературно другарство“ во 1902 година во Санкт Петербург, издавачката куќа „У Никитских ворот“ од Москва ја објави драмата „Последниот ден на Мисирков“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш.
Преводот на руски јазик е на Олга Панкина, која во последниве три децении има објавено преводи од врвните имиња на македонската литература. Книгата е со предговор на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Љупчо Коцарев.
Повеќе можете да прочитате ТУКА