Волкановски влезе во октагонот и го прифати предизвикот на Хабиб

0
93

Александер Волкановски моментално важи за борач број еден во УФЦ. Актуелниот шампион во „пердув“ категорија сака да стане сопственик на два појаси, па во иднина најави дека ќе се натпреварува во лесна категорија.

Ислам Махачев вчера го победи Чарлс Оливеира на УФЦ 280 и стана нов шампион во лесна категорија. Тој го наследи големиот пријател Хабиб Нурмагомедов и го врати појасот во Дагестан. Токму Хабиб беше човекот кој во интервјуто по борбата го предизвика борачот со македонски корени, кој живее во Австралија.