Институтот „Инаку“ организира конференција посветена на македонските писатели во странство

0
168
Почитувани,
На 22.11.2022 година со почеток во 11 часот ќе започне и ќе се одржи онлајн Конференција на тема: КНИЖЕВНОТО ТВОРЕШТВО НА МАКЕДОНСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО СТРАНСТВО – АНАЛИЗИ, КОМПАРАЦИИ, НАСОКИ.
Конференцијата ќе биде составена од три дела: воведен дел со настап на проф.д-р Христо Петрески, дебатен дел – со настап на сите заинтересирани дискутанти, манифестационен дел – со настап на сите автори – поети и писатели. Конференцијата ќе трае два часа од 11 до 13 часот.
Сите заинтересирани за учество и настап ги молиме да се пријават (најдоцна до 15.11.2022 година) на следниов мејл: info@inaku.mk и да ги испратат своите песни, раскази и текстови со кои ќе настапат (една песна до 30 стиха, еден расказ од најмногу една страница или еден текст од најмногу една страница), а сите прилози ќе бидат дел од дигиталното издание кое ќе биде подготвено по одржувањето на Конференцијата.
Организатор на онлајн – Конференцијата е Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ – Скопје.
Со поздрав, почит и благодарност,
Тимот на Институтот ИНАКУ
Скопје