Мпц Лозана заедно со МНС и школскиот одбор во кантон ВД организираше состанок со наставничката по Македонски јазик и родителите од Ecublens, Crissier, Renens и пошироко за основање паралелка по Македонски јазик во Ecublens VD.
Мпц Лозана оствари контакт со општина Ecublens и доби просторија за одржување на настава. Наставата започнува на ден Среда 02.11.2022 во просториите на школото CROSET – PARC (P13) Ecublens
За почеток веќе имаме запишано 10 деца.
За повеќе информации и упис може да стапите во контакт со наставничката Ирена Годева
MPC Lausanne продолжува да работи и секогаш е тука за нашите потомци