Авторот на книгата “Четврта генерација”, Благоја Божиновски, во соработка со Владо Крстевски, остава извонредно значајно дело за историјата, животот и постигнувањата на Македонците во австралискиот град Њукастел преку стотина разговори, животни приказни и стари фотографии, што датираат од пред повеќе од 100 години.
“Ние секогаш велиме дека нас друг ни ја пишува историјата и тоа беше главната мотивација и цел и одлучивме овојпат ние самите тоа да го заведеме, напишеме и споделиме со нашите читатели” , Благоја Божиновски