Денес во Кентербери, на универзитетот Крајстчрч со мала свеченост се одбележа поставувањето на клупата на Горан Стефановски во посебен дел од Универзитетот таканаречен “Горановото катче”. Клупата е поставена среде растенија од Македонија, пред катедрата каде што предаваше и пишуваше и не правеше бесконечно горди.
Со донација од мала група Македонци во Обединетото Кралство и во соработка со факултетот и Патриша, сопругата на Горан, сега и тука има катче за контемплација.