Викендов од 14-16 октомври, Македонскиот мандолински квартет „Стоби“ од Сплит оствари кратка турнеја низ Македонија, со настапи во Охрид, Штип и Скопје, со изведби на македонска и хрватска изворна музика, под водство на професорката Ивана Кенк Калебиќ. Во сите градови програмата беше збогатена со настапи на ученици од локалните музички училишни центри, читање на поезија и настап на ученици во организација на ЗХМУРМ. Посетата на Македонскиот мандолински квартет „Стоби“ од Сплит беше поддржана и од Агенцијата за иселеништво.