Свештеникот Блаже Петров, при Македонската православна црква „Свети Илија“ во Синсинати (САД), се обрати до Агенцијата за иселеништво со барање за едукативен материјал. Поради зголемување на бројот на млади Македончиња за изучување на македонскиот јазик и потребата за дополнителни книги, беше испратена пратка од шеесет книги кои ги содржеа изданијата „Буквар“ боенка, Македонски јазик и Граматика со Шарко и Ристана.
По пристигнувањето на пакетите добивме голема благодарност од македонската заедница во Охајо.