Члановите на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, предводени од председателката Катерина Зековиќ и во придружба на парохискиот свештеник протојереј ставрофор Кирко Велински ги пречекаа учесниците на Ултрамаратонот Нова Градишка – Крушево, кои оваа година по 15 ти пат го трчаат маратонот во чест на Тоше Проески.
По посетата на новоизградената црква св. Злата Мегленска во Загреб и упатениот благослов од свештеникот, Советот за маратонците во новата друштвено-културна сала која носи име Тоше Проески, во негова чест, организираше дружење со појадок. Маратонците ги поздрави и директорката на македонскиот културен центар во Загреб проф. д-р Наталија Поповска.
Со почит,
Катерина Зековиќ,
Претседателка на Советот на МНМ ГЗ