Хуманитарна организација Св.Лидија Македонка

0
90
Драги браќа и сестри Македонци ширум Швајцарија
Како што на повеќето од Вас ви е познато вчера во Грангес Марнанд имаше Македонска забава во организација на Македонската Православна Црковна Општина од Лозана на која ни беше дадена комплетна доверба и простор за продажба на десерти и собирање на средства за потребите на нашата Организација.
Сакаме да упатиме голема благодарност до Црковната општина и претседалството на истата за укажаната доверба , која што се надеваме со Ваша помош ја оправдавме и остваривме можност и простор за во иднина .
Најголема благодарност до жените Македонки низ цела Швајцарија но посебна благодарност до жените од тој дел на Швајцарија кои несебично и во огромен број се вклучија во хуманоста.Огромен беше бројот на жените со големо и хумано срце кои со вредните раце припремија десерти и од срце ги донираа на штандот на Х.О.Света Лидија Македонка .
Без Вас наши драги сестри ние не ќе направевме ништо, без вас не ќе можевме да ја задоволиме потребата за десерти на гостите кои беа во голем број на прославата .Ваша е заслугата за тоа што ние како организација ја оправдавме довербата која ни беше дадена.
Сакаме да ве известиме дека дел од средствата кои што вчера вечер беа собрани по Ваша заслуга ќе бидат донирани во народните кујни за социјално ранливите категории на наши браќа и сестри ширум Македонија а останатиот дел исто така за други хумани проекти за Божиќните празници кои ни доаѓаат.
Нема ништо поубаво кога ќе се спојат, прекрасната Македонска музика и забава, македонската храна , верата и хуманоста што е потврда и од синоќешната забава. Да ни дава Бог сила , трпение и здравје да имаме уште многу вакви убави моменти и дружења.Уште еднаш голема благодарност имајте убав ден и до следно видување
Со почит Х.О.Света Лидија Македонка.