Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб,свечено го прослави  11 Октомври

0
136

Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб,свечено го прослави  11 Октомври денот на востанието на македонскиот народ, кој е и патронен празник на Советот.

На свеченоста присуствуваа г – ѓа Маја Апостолова Балабурски, ополномоштена министерка во Амбасадата, проф.Наталија Поповска, директорка на Македонскиот културен центар во Загреб, г – ѓа Тања Хорватин од службата за национални малцинства во Загреб, протоереј ставрофор Кирко Велински, отец Дејан Белчовски, наставничките по македонски јазик, г – ѓа Деспина Белчовска Велинска и Ивана Брезовец, полковниците од македонската Армија на усовршување во Военото училиште во Загреб, членови на Советот и бројни Mакедонци.

Програмата ја водеше потпретседателката на Советот,  г – ѓа Ирина Ангелова Попржан, а претседателката на Советот г – ѓа Катерина Зековиќ подели Благодарници за соработка и промовирање на македонската култура на ученичката Александра, на секретарката на Советот г – ѓа Марика и на Македонската православна црква во Загреб.

Свеченоста ја збогатија учениците кои го изучуваат македонскиот јазик со рецитал, едукативна игра, како и настап на виолина. Музичарите Сафуидин и Стефко свиреа традиционална музика а последен  беше балетскиот настап на младата балерина Афродита Силјаноска

Со почит,

Катерина Зековиќ,

Претседателка на Советот на МНМ ГЗ