Делегација од Агенцијата за иселеништво во посета на МПЦО Св.Климент Охридски во Берлин

0
147
Во просториите на МПЦО Св.Климент Охридски во Берлин делегацијата од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Слободан Близнаковски оствари средба со парохискиот свештеник Отец Оливер Новески, претседателот на Управниот одбор Марјан Трпчев, благајникот Лазе Ризов и други членови на раководството на црковната општина. За време на средбата Отец Оливер Новески го информира директорот Близнаковски дека се планира да се изгради црковен објект во рамки на постоечкиот имот и дека сите активности се насочени кон собирање на средства за поддршка на изградбата.
Согласно проектот, новиот објект ќе има простории за културни манифестации, состаноци, конференции и дел наменет за училиштето по македонски јазик.
Оваа година црковната општина на 17 декември ќе го одбележи триесетгодишниот јубилеј на кој се очекува присуство на голем број гости и сите собрани средства ќе се планираат за поддршка на црквата. Отец Оливер Новески информира дека по повод триесетгодишниот јубилеј Отец Рафаел има изготвено монографија за настанувањето и опстојувањето на МПЦО Св.Климент Охридски во Берлин и дека истата се планира да се испечати до прославата.
Директорот Близнаковски се заблагодари за можноста за средба и за укажаната доверба за соработка во иднина.