Над 300 Македонци од цела Македонија на 2 октомври, недела, присуствуваа на прославата со македонска музика во организација на ,,Македонскиот клуб Илинден” од Лацен Хановер со поддршка на МПЦО Св. Спас.
Пред настанот раководството на Клубот Илинден и Црковната Општина Св. Спас со парохискиот свештеник Отец Тоше Манев, на средбата со директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски, ги истакнаа проблемите за неекипираноста на амбасадата во Берлин,
потребата од авио-линија Скопје-Хановер и потреба од наставник по македонски јазик во Лацен Хановер и околината. 



Гости на настанот беа и претставници од Централниот Совет на Македонците од Германија со пратеникот од Бундестагот задолжен за малцинските права и застапник за Македонците, Адис Ахметовиќ со кого директорот Близнаковски оствари кратка средба со договор за идна соработка и комуникација во насока на подобрување на положбата на Македонската заедница во Германија 
