Друштвото „Македонија“ од Ешалан најавува „Македонски ден во Ешалан“

0
116
МАКЕДОНСКИ ДЕН ВО ЕШАЛАН – (Македонски Панаѓур),
Работна средба на друштвото „Македонија“ и општина Ешалан, каде беше претставен проектот, „Македонски ден во Ешалан“ (Македонски Панаѓур).
Широк асортиман на разновидна стока од секаков вид ќе биде изложена на големиот број штандови поставени токму за купувачите и посетителите. Отсликување на македонската традиција и македонските обичаи. Денот ќе биде збогатен со
песна и оро од богатото фолклорно наследство од Македонија.
• Периодот на одржување: недела, 28.05.2023 или сабота 03.06.2023 година.
• Место на оддржување: градски парк спроти железничката станица.
• Проектот е во завршна ваза, за кој наскоро ќе соопштиме повеќе информации!
• Настанот е помогнат и поддржан од општина Ешалан
Претседателот на друштвото „Македонија “на градоначалникот Serge Bornick му ја подари монографијата „мдд Македонија Ешалан и шише македонско вино од Винарија Далвина.
Вторник, 04.10. 2022 година,